„Демократски” избори не се решаваат со тримесечна преодна влада

Од:

Национална Демократска Преродба го потенцира својот досегашен став, дека земјата е во длабока политичка криза, и поради ова, последните идеи дека ова комплексна криза може да се реши со предвремени избори кои ќе ги организира преодна влада со тримесечен мандат, овие идеи се континуитет на лошото управување на државата во последната деценија.

Според НДП, последните препораки од извештајот подготвен од страна на Рајхард Приебе во кој јазно се покажуваат сериозните проблеми на ова држава, и идејата дека овие проблеми може да се решат со истите актери који ја создадоа ова криза, со проширен тримесечен мандат, не е ништо друго освен еден вистински театар, во која кризата ќе се продлабочи уште повеќе од колку што е во моментот. Ако на овие препораки и го додадеми и последниот извештај на “Freedom House”, каде се наведува дека Македонија има длабок пад, и се третира како “хибриден режим во транзиција“, тогаш самата помисла дека една преодна влада со мандат од три месеци ќе може да одржи демократски избори е политичка наивност за оние кои веруваат.

НДП потенцира дека никој не треба да има илузија дека оваа политичка криза може да се реши во рок од три месеци, дури е илузија да се помисли дека кризата може да се реши и за шест месеци. Длабоката политичка криза не може да се реши во ниеден временски период доколку актерите за решавање на кризата се иситите тие који ја создадоа самата криза, и заради ова се бара една експертска влада со директно посредување од меѓународниот фактор, особено САД. Во спортива, НДП наведува дека сето ова е една игра и голем театар на кој и се презентира на народот, со големи последици за земјата. Крајно време е да и се стави крај на овие политички игри и театри од овој вид, бидејќи во спротива последиците за народот и за земјата ќе бидат многу тешки.

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска