Демократска партија на Турците: Сериозно сме загрижени и со големо внимание ги следиме случувањата во ИВЗ

Од:

Демократска партија на Турците изрази загриженост за случувањата во Исламската верска заедница.

“Крајно сме загрижени поради последните случувања во врска со ИВЗ, кои го нарушуваат угледот на нашата вера Исламот, која што е религија на мирот и толеранцијата. Поради тоа, изјавуваме дека најостро ги осудуваме сите надворешни и внатрешни влијанија врз функционирањето на ИВЗ, која има своја автономија во функционирањето на верските заедници во нашата држава.

Години наназад оваа институција е постојана мета на критики, кои негативно и штетно влијаат врз угледот на припадниците на Исламската религија во нашата земја, која е со мултиетнички и мултиконфесионален карактер.

Поради тоа, ги повикуваме надлежните институции во државата, да бидат крајно претпазливи при носење на било какви одлуки во врска со институцијата која е крајно чувствителна за припадниците на Исламската религија, а истовремено ги повикуваме и надлежните на Исламската верска заедница, како претставници на Муслиманите во земјата да се однесуваат крајно внимателно и одговорно при носење на секакви одлуки во процесот на функционирањето на институцијата.

Демократската партија на Турците во своето 30 годишно постоење, секогаш беше главен заштитник на духовните и културните вредности на Турците и на сите други припадници на Исламската религија во нашата земја, и поради тоа, во никој случај нема да дозволиме нашата религија да биде злоупотребена за политички и други цели.”, велат во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска