„Демократија“ и „Слобода“ одекнуваше по улиците на Ресен

Од:

Вечерва ресенчани на мирен протест низ главните улици, со пеење на македонската химна и химната на отпорот „Мила знај“ го изразија својот револт против не демократскиот режим на Никола Груевски, објави порталот Скај.

„Демократија“ и „Слобода“ одекнуваше по улиците на Ресен.

Но ,мирниот протест на граѓаните на Ресен и Преспа им засмета на приврзаниците на режимот, кои со намера да создадат страв и вознемиреност кај групата граѓани кои протестираа фрлија чаша.Чашата за влакно ја избегна еден од граѓаните,но се скрши на едно од паркираните возила.

Од О.О. на СДСМ Ресен по немилиот настан јавно запрашаа кој се плаши од мирниот протест на граѓаните а од органите и институциите на системот бара да го откријат сторителот и да го санкционираат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите