Демиркапиец тешко се повредил откако со возило излетал од патот

Од:

Демиркапиец тешко се повредил откако синоќа со возило излетал од патот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во во 23:20 часот на новата обиколница во Демир Капија, во близина на крстосница со улица „Јане Сандански“, патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(20) од Демир Капија, излетaло од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа