Трите генератори кои техничкиот министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев ги вети за граничните премини во Македонија нема да стигнат на нашата граница туку ќе заминат во Турција.
Министерот револтиран од случувањата на граничниот премин Деве Баир кога падна компјутерскиот систем за контрола при влез во Македонија, вети три генератори за да не паѓа системот често
На 4 февруари Бугарите кои тргнаа на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев во Скопје, чекаа неколку часа а тоа резултираше со обид за пресметка со полициските службеници и апсење на тројца бугарски државјани кои подоцна платија казни од 300 евра и добија забрана за влез во земјава.
Сега Демерџиев се премисли и стакна дека Македонија треба да најде сили самата да си најде средства и подобро да си ги обезбеди граничните премини.
„Обезбедив три генератори за границата, но бидејќи ситуацијата во Турција бара многу поинаков пристап, планирам да ги задоволам нивните потреби со овие три генератори. Се надевам дека Република Северна Македонија ќе најде сили и средства многу подобро да си ја обезбеди граничната контрола. Следат консултации на кои и јас ќе учествувам и ќе разговарам за сите проблеми, но мислам дека потребите во Турција се поголеми и таму ќе ги насочиме силите“, заклучи министерот Демерџиев.