А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира веста за Филхармонија, а ни збор за државните автомобили кои ги користи Груевски

by А1он06/06/2017 - 17:0006/06/2017 - 18:02111
Share0

ВМРО-ДПМНЕ испрати демант во врска со веста дека Никола Тодоров ја впишал Филхармонија во Катастар пред заминување. Во демантот, партијата повторно ги дели медиумите на тие кои се и не се под контрола на СДСМ нарекувајќи ги фејк њуз.

Добивај вести на вибер

Сепак, на крајот од демантот, потврдуваат дека одлуката која Тодоров ја потпишал во последните мигови кога беше заменик премиер е дел од операцијата за упис на државен објект во Катастар.

„Порталите финансирани од Сорос ги манипулираа граѓаните дека бившиот вицепремиер Никола Тодоров потпишал одлука за упис во катастар на недвижнини на објектот на Филхармонија, што е целосна лага и всушност станува збор за одлука за премер на објектот, а не како што се обидуваат да манипулираат овие медиуми.

Порталот ја објавува и одлуката на Владата на Република Македонија за утврдување на работите од премерот објавена во службен весник на 31-ви мај, во текстот лажејќи за нејзината содржина, презентирајќи ја како одлука за запишување, што претставува свесно манипулирање на граѓаните. Доволно е само внимателно да се погледне одлуката објавена во Службен весник за да сфатиме за што всушност станува збор. „Со оваа одлука се утврдуваат работите од премерот во функција за запишување на недвижност во сопственост на Република Македонија“, стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата сепак не најде време да објасни зошто Никола Тодоров истиот ден потпишал одлука со која на нивниот лидер, Никола Груевски му се даваат на користење два држани „пасата“.

filharmonijavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен