А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Демант од МЗШВ на прес-конференцијата на Љупчо Николовски од СДСМ

by А1он04/08/2016 - 18:0204/08/2016 - 20:16101
Share0

Жално е што господинот Љупчо Николовски од СДСМ во ерата на електронска комуникација во севкупното живеење сака да не врати назад во нивното време, кога евиденцијата се водела во тефтери каде што важело правилото пиши – бриши и беше наједноставно да се прават манипулации, односно злоупотреби на државните пари. Со доаѓањето на актуелната коалиција на власт, големо внимание се посвети на воведување на современи софтверски решенија, со кои манипулациите и злоупотребите се сведени на минимимум. Во тој правец Министерството за земјоделство ќе продолжи со воведувањето на нови софтверски решенија во сите сектори во земјоделството, со единствена цел да им се олесни пристапот на земјоделците, како до апликациите за субвенции, така и до сите информации потребни за нивното работење.

Добивај вести на вибер

Од изјавата на Николовски се гледа неговото непознавање на модернизацијата на работењето во светот. За негова информација, во светот информатиката е длабоко навлезена во земјоделството, не само во администрирањето, туку и во самото производство.

Сакаме да ја информираме јавноста дека во моментов работиме на повеќе софтверски решенија и тоа на софтверот кој во моментов го користи Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, набавен во 2012 година преку Светска Банка и со меѓународен тендер. На овој софтвер сега се врши надоградување, по што истиот ќе биде компатибилен со софтверот кој се користи во МЗШВ, односно ќе направиме заедничка база на податоци на овие две институции.

Изготвивме софтверско решение и за електронско пријавување за субвенции, со што земјоделците можат и од дома да ги пријавуваат своите капацитети, без да го губат своето време пред шалтерите на подрачните единици на МЗШВ. Со ова ново решение земјоделците ќе имаат моментална информација за тоа дали се одобрени нивните барања, дали се исплатени или пак за причините поради кои не им се одобрени субвенциите.

Исто така, во процедура е и надоградување на софтверот за земјишна политика изработен преку проект финансиски поддржан од Европската комисија и со негово активирање преку овој софтвер кој служи за евидентирање на изнајменото земјоделско земјиште во државна сопственост, во базата на податоци ќе биде внесено целокупното земјиште во државна сопственост, при што земјоделците ќе имаат директен пристап и ќе можат да се информираат за слободното земјоделско земјиште. Потоа, за она земјиште за кое се заинтересирани, ќе можат да поднесат барање за огласување. Врз база на овие барања на земјоделците, Министерството неколку пати во текот на годината ќе распишува јавни огласи. Министерството ќе има целосна евиденција за сите податоци во врска со закупот на земјоделското земјиште.

Во постапка е исто така и изготвувањето на софтверско решение за откуп на сите земјоделски производи, при што во секој момент ќе се има увид во тоа кои земјоделски производи, која количина и по која цена се откупени. Со ова решение ќе може субвенциите за млеко и другите земјоделски производи кои се откупуваат во преработувачката капацитети да се исплаќаат на месечна основа без да се собираат и доставуваат кантарски белешки.
Од претходно изнесеното, Љупчо Николовски може да види дека не се работи за никакви бизнис интереси, бидејќи сите набавки одат на електронска аукција и се одбираат фирми кои ги задоволуваат условите на тендерот и кои понудиле најниски цени. За негова информација, такви фирми има многу во Република Македонија и од тие причини цените за изготвување на софтверски решенија се многу ниски.

И на крај, жално е што Николовски не го разбрал значењето на електронската евиденција или не сака да го разбере поради тоа што со неговото воведување злоупотребите се сведени на минимум.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен