Демант од МЗШВ на изјавата на дополнителниот заменик министер Николовски

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во денешното соопштение ја демантира изјавата на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски дека „сите сточари до еден мора да бидат обештетени“.

– Заради објективност МЗШВ ја информира јавноста дека од добиточната болест јазлеста кожа угинати се околу 3.500 говеда или 1,6 отсто од вкупниот број на говеда во Република Македонија, се наведува во соопштението.

Проценетата вредност за обештетување на сточарите, како што посочуваат од Министерството, е околу 150 милиони денари кои се обезбедени од Агенцијата за храна и ветеринарство и до крајот на годината сточарите ќе бидат обештетени.

ОД МЗШВ потсетуваат дека министерот Михаил Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски минатата недела учествуваа на министерската конференција за болеста јазлеста кожа во Република Бугарија, на која биле донесени заклучоци кои практично Република Македонија ги има веќе спроведено, односно целосна вакцинација на добитокот и годишна ревакцинација до уништување на болеста.

– Од еврокомесарот за здравство и безбедност на храна добивме уверување дека ќе бидеме финансиски поддржани за досега преземените мерки, како и за идните мерки за искоренување на оваа болест, посочуваат од МЗШВ и ја информираат македонската јавност дека нема никаква опасност од консумирање на месо, млеко и нивни преработки добиени од вакцинирани животни.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп