Тотал инженеринг: Нема никаков скандал, ниту каква било незаконитост во работата

Од:

„Целосно ги демантираме изнесените невистини од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Нема никаков скандал ниту било каква незаконитост во работата на Тотал инженеринг.

Договорот со Владата на Република Македонија за детални геолошки истражувања Тотал инженеринг го има потпишано пред три години, односно во 2015 година. Во тоа време,премиер на владата беше Никола Груевски, тогашен претседател токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно законската постапка, којашто е идетнична за сите, врз основа на тој Договор Тотал инженеринг ја продолжува процедурата која завршува во април 2018 година.

Имаме проект и Елаборат за извршени геолошки истражувања, имаме Ревизиска клаузула на Проект од страна на Геолошки завод на РМ, се тоа во време кога институциите беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Значи исполнети се сите законски и правни регулативи од страна на Тотал инженеринг и затоа е добиена концецијата откако се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции.

Целосно непотребно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста. Треба да знаат дека се целосно прочитани и да престанат со овие смешни прес конференции.

Фирмата Тотал Инженериг веќе неколкупати јавно ги охрабрува надлежните институции како и сите невладини организации коишто се занимаваат со борба против корупција детално да ги истражуваат измисленуте случаи на ВМРО-ДПМНЕ и да соопштат за наодите“, се вели во демантот на Тотал инженеринг ДООЕЛ Струмица.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче