Демант на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сака да ја извести јавноста дека е во постојан контакт со земјоделците за изнаоѓање на решенија за сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат.

Иако Министерството не е надлежно за одредување на откупните цени на земјоделските производи, сепак уште пред бербата и на индустриската пиперка и винското грозје организираше неколку состаноци со земјоделците и со Македонската асоцијација на откупувачи ( МАП )за изнаоѓање на минимални откупни цени прифатливи за двете страни.

Да потсетиме дека на состанокот во јуни годинава беа препорачани откупни цени на црвената пиперка за преработка од прва класа, да биде 22 денари за килограм. Мешаната прва и втора класа 18,а втората класа 13 денари за килограм. Сите оние кои ги потпишаа договорите, согласно Законот за земјоделство и рурален развој се обврзани да ги почитуваат и договорените количества и договорените откупни цени по класи.

Министерството демантира дека заштитува одредени откупувачи, напротив преку засилена инспекциска контрола не се толерира див откуп,особено што постои јасна регулатива кој и како може да врши откуп на земјоделски производи.

Оваа Влада, за разлика од Владата на СДСМ, со низа мерки финансиски ги поддржува градинарите.Ќе потсетиме дека субвенциите за градинарското производство на отворено и во пластеници изнесуваат 25 000 денари за пиперките,а додека за оранжериското се добива по 90 000 денати по хектар. Производителите на пиперки добиваат и дополнителни 2,5 денари за предадено производство во преработувачките капацитети.

Доколку СДСМ има решение и доколку е сериозна во намерите да им помогне на земјоделците јавно и конкретно нека им ги каже, наместо да дава декларативни изјави од типот „Ќе спроведеме, ќе има, ќе наоѓаме пласман“.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп