Демант на ГШ на АРМ

Од:

„Во однос на објавените фотографии кои се појавија во вчерашното издание на Вашиот електронски медиум во кои е прикажана состојба од простории на АРМ, Ве известуваме дека се работи за фотографии на простории од касарната „Јане Сандански“ во Штип кои веќе подолг временски период не се во функција и не се користат од страна на припадниците на АРМ сместени во оваа касарна.

Уште еднаш Ве информираме пред објавување или превземање на вакви „ексклузивни“ вести во кои се споменува АРМ, дека потребните веродостојни информации може да ги добиете од канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на АРМ која најтранспарентно ќе Ви ги достави сите информации за кои сте заинтересирани.

Преку доставување на вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за државниот територијален интегритет и суверенитет и за граѓаните на нашата држава“, се вели во демантот.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време