Делев: Невистинити обвинувањата на Николовски за „Лозарство“ ДДО Таринци

Од:

Заменик-министерот за економија и поранешен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска како невистинити и неосновани ги отфрли обвинувањата на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за незаконски зголемена површина под закуп и овозможување неплаќање закупнина на друштвото „Лозарство“ ДОО село Таринци.

– Опозицијата преку своите технички министри продолжува да ја манипулира јавноста, во недостиг на идеи и програма за земјоделците. Измислува и конструира случаи за наводни злоупотреби при управувањето и распределбата на земјоделското земјиште. Прво, министерот требало да го види основниот договор кој е потпишан од нивниот министер Славко Петров во 2004 година, каде што наведената компанија ја ослободува од закуп цели четири години. Во тогашно време, ние сме биле обврзани да склучиме договор, истиот договор, односно анекс на договор е склучен пред време, каде што, не само што не го ослободуваме, дополнително и го обврзуваме повеќе да плаќа и одма да почне со наплата, односно да се врши наплата на ова земјоделско земјиште, изјави Делев.

Сите изјави дадени денеска, додаде заменик-министерот за економија Делев, се невистинити.

– Сакам да ви ги презентирам овие факти и овие документи и основниот договор кој е потпишан за времето на СДСМ од тогашниот министер Славко Петров, каде што наведува површини кои се помалку, односно самиот корисник користел поголема површина. Со анексот, тогаш ние тоа го откриваме и го задолжуваме корисникот во новиот анекс да плаќа и за тоа земјиште кое тогаш не било евидентирано со пописниот катастар, бидејќи во тоа време СДСМ немале никаква евиденција за земјиштето во Македонија, потенцира тој.

На Николовски му порача дека неговиот, како што ја нарече Ленче Николовска, ментор, не ја знае ситуацијата со земјоделците во РМ, вешто го манипулира и го води во погрешен правец.

– Земјоделците во Македонија знаат кој им има склучено 9 илјади договори. Од 80 договори сега се дојдени до 9 илјади договори. Земјоделците во Македонија многу убаво знаат кој им делеше земјиште и кој им дава субвенции. Само да потсетам пред 2006 година целокупното земјоделско земјиште, односно 90 проценти од целото земјоделско земјиште во Македонија, беше доделено на 80 компании кои беа поданици на тогашната власт, истакна Делев реагирајќи на обинувањата на Николовски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп