Делегацијата од Електростаљ на средба со градоначалникот на Струмица

Од:

Делегацијата од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, која престојува во општина Струмица, денеска оствари средба со в.д. градоначалникот Костадин Костадинов и неговите соработници.

– На средбата, домаќините и гостите разговараа за досегашната соработка и нудеа идеи и предлози за нејзино продлабочување и проширување во повеќе области. Посебен акцент беше ставен на туризмот и двете страни ги разгледуваа можностите за реализација на првите туристички чекори. Гостите, кои досега неколку пати престојуваа во општина Струмица го нагласија задоволството од нејзината туристичка понуда, соопшти општината.

Градоначалникот Костадинов ја потенцирал подготвеноста на општината и нејзините расположливи капацитети за прифаќање на туристи од Московската област.

На средбата разговарале и за поголемо активирање на економската соработка.

Во рамките на оваа посета, вечерва со почеток во 19.30 часот во летниот амфитеатар во градскиот парк, двете гостинки, вокални солистки од делегацијата на Електростаљ, ќе одржат концерт за граѓаните на Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите