Делегацијата на ЕУ повика на смиреност, трпение додека властите ги утврдат фактите во Куманово

Од:

Мисијата на Европската Унија испрати соопштение до јавноста во врска со престрелката во Куманово утринава, во која се повикува на смиреност од јавноста и се бара да се почека да бидат утврдени фактите од страна на релевантните власти.

„Делегацијата на Европската Унија внимателно ги следи извештаите за полициска операција која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и со политичките партии. Силно апелираме до сите граѓани и политички фактори да останат мирни и да почекаат релевантните власти да ги утврдат фактите. Се надеваме дека ќе се избегне ескалација на тензиите”, пишува во реакцијата на Делегацијата на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија