Делегација од Штип во посета на унгарската општина Ѓонѓош

Од:

Делегација на општина Штип беше во посета на градот Ѓонѓош во Унгарија, каде присуствуваше на Саемот за вино „Денови на Матра“, информираше на денешната прес-конференција портпаролот на општина Штип, Драган Ристов. Тој истакна дека при посетата се разгледала и можноста за збратимување на општините Ѓонѓош и Штип, а продлабочување на соработката се гледа во областа на културата и образованието.

– Ѓонѓош е втор по големина регион во Унгарија познат по своето производство на вино, а Штип располага со квалитетно вино и винарии што е еден вид на повод за продлабочување на врските. Можност за соработка се нуди и во сферата на високото образование, бидејќи и во Ѓонѓош има Универзитет при што остварена е посета и на Универзитетот Кароли. Лани градоначалникот на Ѓонѓош го посети штипскиот Универзитет, па сега со нашата посета се отвораат можности за соработка во високото образование. Универзитетот во Ѓонѓош е помал од Штипскиот, има 12.000 студенти и помалку факултети, но секако е одличен и се надевам дека ќе се воспостават поблиски релации, изјави Ристов.

Тој истакна дека соработката во областа на културата ќе има и со учество на Фолклорниот фестивал во Ѓонѓош, каде што е планирано да настапиедно од штипските културно-уметнички друштва. Делегација на унгарската општина Ѓонѓош планирано е да присуствува на некои од познатите штипски манифестации, како што се „Пастрмалијадата“, „Макфест “ или на „Штипско културно лето“.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово