Делегација од Штип во посета на бугарска Стражица

Од:

Делегација од општина Штип утре заминува во посета на бугарската општина Стражица. Раководителот на Секторот за јавни дејности во општина Штип, Билијана Казанџиска вели дека делегацијата ќе биде составена од 60 лица од институциите во општината, ученици, спортисти, невладини организации и културни работници.

– Нашите претставници ќе учествуваат на повеќе настани, меѓу кои опфатена е промоција на македонските традиции, со фокус на локалните традиции во Штип, гастрономијата, образовните перспективи, спортските успеси и слично. Претставниците од образовните институции ќе имаат можност да остварат соработка на полето на пронаоѓање партнерски институции за аплицирање на проекти од европските фондови. Исто така, наши претставници ќе имаат можност да учествуваат во дебата на којашто ќе се зборува за европските перспективи на земјата и регионот, вели Казанџиска.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му