Делегација од општина Ејуп, Република Турција во посета на Гостивар

Од:

Делегација од општина Ејуп, Република Турција, предводена од Ахмет Туфекчи, потпретседател на општината, денеска беше во посета на Општина Гостивар и оствари средба со градоначалникот Невзат Бејта.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете општини и притоа се разгледаа можноста за збратимување, проектот за изградба на фекална канализација во селото Горна Бањица и организирање на традиционален ифтар во Гостивар.

– Проектот за канализација во село Горна Бањица постои, но многу чини. Предложивме да се разгледа можноста да ни се помогне во реализацијата на овој проект чија вредност е вредност околу 700 илјади евра, рече по средбата градоначалникот Бејта.

Претставник на турската делегација, Ахмет Туфекчи ја потврди подготвеноста да се помогне и неговата општина да учествува во организирање на заеднички ифтар за време на рамазанскиот пост.

Туфекчи нагласи дека во Општина Ејуп живеат околу 400 илјади жители, а околу 40 отсто од населението има потекло од Гостивар, Тетово и Скопје.

На средбата беше договорено, наскоро градоначалникот на Гостивар, да оствари возвратна посета.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција