Делегација од кинескиот град Далиан во посета на општина Охрид

Од:

Делегација од кинескиот градот Далиан денеска престојуваше во посета на Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески.

На средбата гостите од Далиан, предводени од заменик–директорот на канцеларијата за надворешни работи Хан Кијанг, предложиле неколку области на кои може во иднина да се развие значајна соработка, а пројавиле интерес и за најавената посета на делегација на Охрид на Кина, притоа предлагајќи градоначалникот Бакрачески да ја посети болницата во овој град која е една од позначајните во Кина, со исклучително развиена меѓународна соработка и надалеку познат оддел за лекување на канцерогени болести.

Притоа било разговарано и за можностите за соработка на полето на културата, предлагајќи да се резгледаат можностите за гостување на операта од Далиан на „Охридско лето“, за што ќе се разговара со менаџментот на Фестивалот.

Разгледани биле и можностите за склучување соработка и со Универзитетот за информатички технологии, што било доста интересно за кинеските гости оттаму што една од трите главни стопански гранки на Далиан е токму информатичката технологија.

Градот Далиан е еден од најразвиените градови во Кина, лоциран во најбогатата кинеска провинција Манџурија. Пристаништето во Далиан е на десетто место според обртот, а неговиот капацитет за прием на бродови е на дваесетто место во светот. Регионот на градот Далиан е и еден од главните туристички центри на Кина, кој минатата година го посетиле 53 милиони туристи од кои 11 милиони странци. Во градот живеат над 10 милиони жители и годишен БДП од 70 милијарди долари. Далиан е и образовен центар со 31 универзитет.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски