Делегација на војската на Србија во дводневна посета на АРМ

Од:

Делегација на војската на Србија, предводена од началникот на ГШ на војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ од денеска е во дводневна официјална посета на Република Македонија.
Домаќин на делегацијата на Војската на Србија е началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, а како што е најавено генералот Диковиќ ќе биде примен и од министерот за одбрана Талат Џафери.

Унапредување на билатералната воена соработка, искуствата на АРМ од учеството во мисиите надвор од Република Македонија, размена на искуства од примена на Концептот за оперативните способности на декларираните единици, како и користењето на капацитетите за обука на армискиот полигон „Криволак“, се темите за кои ќе се разговара со делегацијата од Република Србија.

АРМ со Војската на Србија, соопштуваат од МО, има развиено одлична билатерална воена соработка, која се одвива на повеќе полиња како што се образованието, обуката, вежбите, воено-медицинската обука и други.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он