Делегација на словачките Вооружени сили ја посети јужната граница

Од:

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република предводена од генерал Милан Максим, денеска по средбата со македонскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов беше во посета на јужната граница на Република Македонија.

Во реонот на караулата „Богородица“ од страна на припадниците на Армијата на Република Македонија делегацијата во присуство на полициските сили на Словачката Република кои се ангажирани на јужната граница, се запозна со севкупната ситуација на јужната граница поврзана со бегалската криза, а воедно им беа презентирани активностите кои ги спроведува АРМ, соопшти канцеларијата за односи со јавноста на ГШ на АРМ.

– Армиската делегација на словачките ВС со особен интерес ги проследија презентираните мерки кои АРМ ефективно ги спроведува при спречување на нелегално минување на државната граница, согласно доделените задачи за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница, а чии ефекти се видливи и за државите од Европската унија, се додава во соопштението.

Од самиот почеток на ангажирање припадниците на АРМ со професионално применување на превентивни активности како што се набљудување, патролирање и извидување секојдневно спречуваат десетици, а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница при што до денеска се спречени повеќе од  десетици  илјади такви обиди.

Генералот Максим на крајот од дводневната посета на Македонија изрази благодарност за споделените искуства на АРМ во справувањето со предизвиците од мигрантската криза, кое претставува основа за продлабочување на понатамошната соработката, размена на искуства и поддршка на АРМ од страна на ВС на Словачката Република за полнопрано членство во НАТО воениот сојуз.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза