Делегација на Општина Штип во посета на португалскиот град Сетубал

Од:

Делегација од Општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски деновиве беше во посета на градот Сетубал во Португалија во рамки на проектот „Future of Europe Reload“.

Од Кабинетот на градоначалникот информираат дека тој имал обраќање на кое што ги образложил придобивките од користењето на фондовите на Европската унија.

– Општина Штип во изминатиот период во соработка со повеќе земји има аплицирано за неколку потребни проекти. Во 2018 година, Општина Штип има аплицирано за проект преку ИПА Програмата за прекугранична соработка заедно со Општината „Гоце Делчев“ односно градинката „Сонце“ за заеднички акции за зелена иднина. Исто така, во 2018 година преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Општина Штип и Дирекцијата за противпожарна заштита од Софија имаат аплицирано за заеднички проект. Од оваа година, општина Штип е партнер на општина Аксаково во реализација на проектот „Иднината на Европа“, кој ќе се реализира од април годинава до мај 2020 година, изјави градоначалникот Бочварски.

Настанот во Португалија беше во организација на градоначалничката на Сетубал, Мариа дас Дорес Меира, а присуствуваа градоначалници од Бугарија, Полска, Италија, Романија и Шпанија. Општина Штип беше домаќин на градоначалниците од овие шест земји-членки на Европската Унија, како дел од овој проект во јуни годинава.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип