Делегација на Македонска алијанса на средба со амбасадорот на Чешка во Албанија

Од:

Во Корча, на 25 февруари 2013 година делегација на Македонска алијанса за европска интеграција, предводена од Едмонд Темелко, Васил Стерјовски и Андон Јани остварија средба со амбасадорот на Република Чешка во Албанија, Бронислава Томашова.

На средбата се разговараше за повеќе теми кој ги засегаат Македонците во Албанија, како образованието на мајчин јазик на Македонците во Албанија, Пописот спроведен минатата година, чии официјални резултати Македонците како и другите малцинства во Албанија не ги признаваат, порастот на национализмот во Албанија и притисокот врз Македонците во Албанија и ред други проблеми.

Исто така, преставниците на Македонска алијанса за европска интеграција се заблагодарија на амбасадорката на Чешка за неодамнешната одлука на чешката Влада за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име, затоа што ова име е поврзано со сите Македонци без разлика каде и да живеат.

Би можело да ве интересира

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

(ВИДЕО)Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани