Делегација на Единствена Македонија во Москва

Од:

„Делегацијата на Единствена Македонија ги започна официјалните разговори во рамките на петдневната посета на Москва.

Денес, петок, 13 април, беше остварена средба со г-ѓа Инга Јумашева, претседателката на Комитетот за надворешни работи на Државната Дума од пратеничката група на владеачката руска партија Единствена Русија.

На средбата, делегацијата на Единствена Македонија во името на македонскиот народ изрази голема благодарност за подршката од Русија за почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитет, унитарноста, исконското македонско име и идентитетот на Македонија и македонскот народ.

Притоа беа разгледани и конкретните чекори околу реализацијата на клучната определба на Единствена Македонија што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство на Република Македонија во Евроазиската економска унија.

Наредните денови продолжуваат средбите и разговорите во Москва“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Првиот разузнавач на Путин предупредува: Може да дојде до голем конфликт во Евроазија

Американски шпионски авион „исчезна“ за време на патрола во близина на Русија

Путин: Има шанси за прекин на војната во Украина, Трамп игра конструктивна улога

Лавров: Западот не сака да го реши, туку да го замрзне конфликтот во Украина

Путин: Kомуникацијата со Киев продолжува преку разузнавачките служби

Горан Наумовски

Данска: Откриени конкретни подготовки за руска саботажа