Делчевскиот градоначалник Трајковски од свои пари им купи заштитна опрема на градските пожарникари

Од:

Делчевските пожарникари денеска добија нова заштитна опрема, донација од градоначалникот Горан Трајковски, за која тој вели дека е во насока на подобра заштита и безбедност при работа на пожарникарите.

– Во рамки на обезбедување подобри услови за работа на вработените во Општина Делчево и поголема заштита и безбедност на здравјето при работа градоначалникот Горан Трајковски на вработените во Територијалната противпожарна единица, од сопствени буџетски средства, обезбеди набавка на професионални интервенциски ракавици во согласност стандардите за вакви интервенции, противпожарни ракавици со пет прсти со ектензија, како и црна боја и чевли ХТЗ опрема за секој вработен, информираа од општината.

Ова, како што додадоа, не е прв пат градоначалникот да ја помага противпожарната служба.

– На иницијатива на Трајковски, а во соработкка со Бригадата на Град Скопје делчевските пожарникари минатата година исто така ги збогатија своите технички ресурси со нова опрема. Во моментот општината подготвува и проект за набавка на ново противпожарно возило со што во голема мера ќе биде заокружена поддршката за делчевските пожарникарите, додадоа од општина Делчево.

Пожарникарството во Делчево испишува историја од седум децениско функционирање. Првото доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов-Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Казна од 350 евра за навредлива порака до градоначалникот на Подгорица

А1он

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер