Зохран Мамдани: Трамп нема да ме заплаши

Од:

Зохран Мамдани, фаворитот за градоначалник на Њујорк, рече дека нема да биде заплашен од коментарите на Доналд Трамп дека планира да ги намали федералните средства за градот ако Мамдани победи.

Мамдани рече дека „тие закани ќе бидат третирани онака како што заслужуваат, како зборови на претседателот, а не нужно како закон на земјата“.

Фаворитот на прогресивното крило на Демократската партија и кандидатот со најголеми шанси за победа рече дека дојде време градот да добие градоначалник „кој се бори за њујорчаните секој ден, а не некој што е подготвен да ги жртвува истите тие луѓе за да може да дејствува во свој интерес“.

„Нема да ме заплаши овој претседател. Нема да ме заплаши никој, бидејќи мојата работа е да им служам на луѓето од овој град“, додаде тој.

Трамп денес го поддржа поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, за градоначалник на Њујорк и се закани дека ќе го задржи федералното финансирање од градот ако Мамдани победи на изборите.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он