Дел од синдикатите за утре најавуваат првомајски протести во Скопје и Куманово

Од:

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и организациите за заштита на работничките права во Македонија утре ќе организираат првомајски протести во Скопје и Куманово.

Како што информира Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници  на денешната прес-конференција, протестот во Скопје ќе се одржи во паркот „Жена борец“ во 12 часот, а протестот во Куманово ќе почне во 11 часот на градскиот плоштад.

На утрешниот протест ќе побараат веднаш да се изедначи минималната плата во сите сектори, а работодавачите за кои ќе се утврди дека не исплаќаат минимална плата директно да се казнуваат без претходно да добиваат покани за едукација. Воедно ќе побараат да се укине постапката за помирување со која се условува отпочнувањето на штрајкот и право на организирање на штрајк покрај синдикалците да имаат и работниците во претпријатијата, како и доследно почитување на правото за синдикално организирање.

Барањата, како што беше посочено, ќе и бидат доставени на следната влада веднаш по нејзиното формирање.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче