Дел од синдикати на ССМ со пораки по повод Меѓународниот ден на трудот

Од:

Сигурни и достоинствени работни места, слобода на организирање и договори на неопределено време се дел од пораките на неколкуте синдикати членки на Сојузот на синдикати на Македонија упатени по повод претстојниот Меѓународен ден на трудот – 1 Мај.

Синдикатите на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ, Синдикатот на одбраната и Синдикатот на работниците од енергетиката и стопанството денеска најавија дека ќе се борат за редовни плати, квалитетни и сигурни работни места, потпишување општ колективен договор за јавниот сектор и за враќање на правото на регрес на годишен одмор и за јавниот сектор. 

Поради совпаѓањето на 1 Мај со големиот верски празник Велигден, од овие синдикати соопштија дека годинава нема да организираат првомајски марш.

– Имаме намера во иднина на достоинствен начин да го одбележуваме празникот. Годинава не сме во можност тоа да го направиме како што сакаме од причина што има совпаѓање со верскиот празник Велигден. Од следната година ќе го одбележуваме достоинствено 1 Мај и ќе ги повикуваме работниците секогаш да излегуваат на протест, рече Пецо Грујовски, претседател на синдикатот на УПОЗ.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза