Дел од Сарај е без струја, жителите на Грчец влегле во системот на ЕВН и направиле хаварија

Од:

Заради противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, кои довеле до хаварија во дистрибутивниот систем, поради што без снабдување со електрична енергија останале и корисниците на дел на територија на Сарај информираат од ЕВН елекстродистрибуција.

– По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија. Истовремено, компанијата додава и дека синоќа во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот се вели во соопштението.

Од таму велат дека Електродистрибуција е на терен со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.

Би можело да ве интересира

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

Голема тепачка во Сарај: Во средно училиште се истепале две групи на мажи

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја