Дел од пратениците дојдоа со велосипеди и тротинети на првата седница во Собранието

Од:

Пратениците во Собранието од редовите на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пристигнаа со велосипеди на денешната конститутивна седница, а на социјалните мрежи објавија и снимка од нивното доаѓање. Тие велат дека патувањето до законодавниот дом со велосипед ќе биде пракса за оваа политичка партија, како симболика за борбата против бенефициите на народните избраници.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, пак, на социјалните мрежи се пожали дека не му било дозволено да го внесе својот електричен тротинет во зградата на Собранието.

„Собранието е подготвено да исплати илјадници евра патни трошоци, а истовремено има забрана за внесување на електрични тротинети во зградата. Собраниската бирократија мора да ја промениме, посебно кога е во интерес на животната средина и штедењето на буџетски средства,“ напиша Муцунски.

Во минатите парламентарни состави исто така можеа да се видат пратеници, но и други јавни функционери како одат на работа со велосипед, но таквите примери беа почесто од промотивна природа и пратениците не се придржуваа до велосипедската рутина. Исклучок е пратеничката од минатиот парламентарен состав, Ирена Стефоска, која на работа во Собранието одеше со велосипед секогаш кога дозволуваа временските услови.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска