Дел од плажите на охридско-струшкото крајбрежје немаат спасители

Од:

Дванаесет плажи на охридското крајбрежје и девет од струшкото се уште немаат ангажирано спасители на вода, информира денеска претседателот на општинската организација на Црвениот крст во Охрид Сашо Точков.

Со тоа, според него, концесионерите на плажите ги немаат обезбедено потребните услови за безбедно капење, спорт и рекреација.

– Дел од концесионерите се уште немаат ниту обележани плажи, ниту пак ангажирани спасители. Состојбата е уште полоша во Струга каде од 15 плажи само шест имаат воспоставено безбедносни критериуми, а останатите се небезбедни за капење, спорт и рекреација, изјави Точков.

Охридскиот Црвен крст извршил увид на охридско-струшкото крајбрежје за што ги информирал надлежните за преземање соодветни мерки.

– Уште потрагично е тоа што нашите служби извршија увид на состојбата на охридско-стушкото крајбрежје на 6 јули и ги информираа сите надлежни служби во државата, од Министерството за транспорт и врски до локалната самоуправа, или сите оние кои имаат надлежност да влијаат на концесионерите, а се користи плажа да се воспостават безбедносни критериуми, рече Точков.

Марио Наумоски, спасител на вода забележа дека капачите не внимаваат многу и не ги почитуваат правилата и начелата што спасителите им ги кажуваат.

До 15 јули спасителите на вода при Црвениот крст извршиле 11 интервенции на охридско-струшкото крајбрежје, а на повеќе од 80 лица им укажале прва помош.

Минатата година спасителите имале 34 интервенции за спасување давеник и на повеќе од 400 лица им била пружена прва помош.

Тимови на општинскиот Црвен крст од Охрид на старото пристаниште со показни вежби за спасување и извлекување давеници од брзи води ги прзентираа стекнатите знаења од обуката што неделава ја реализира инструктори за безбедност на вода од операцијата Флоријан во реката Црн Дрим во Струга.

Претседателот на Црвениот крст-Охрид, Сашо Точков истакна дека вложуваат многу за надоградба на капацитетите со цел да одговорат на новите предизвици.

– Се насочивме кон обука на спасители и тренери за интервенции на брзи води што недостасува во Македонија. Среќни сме што осум наши спасители и двајца тренери ќе бидат подготвени да ги пренесат своите знаења, вештини и техники за спасување на брзи води насекаде низ Македонија, рече Точков.

Капењето во Црн Дрим, според него, е забрането, но не се почитува, за што мора да има присутни спасители, за да не дојде до несреќни случаи.

Обуката, според стандардите на Велика Британија ја вршеа двајца инструктори од операцијата Флориан.

– Задоволен сум како течеа обуките и убеден сум дека спасителите од Црвениот крст стекнаа многу вештини со што се подготвени да спасуваат луѓе, рече инструкторот Крис Мек Грејди.

Спасителите на вода и екипите за прва помош при општинската организација на Црвениот крст добија и нови униформи кои се донација од фирмата German Health Care.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид