Дел од општина Центар утре без вода

Од:

Дел од корисниците лоцирани во близина на полициската станица Беко во центарот на Скопје утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на дефект на водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на улицата „Даме Груев“ бр. 7.

Прекинот во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Даме Груев“, „Димитрие Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ ќе трае до завршување на интервенцијата од страна на екипите на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје