Корисниците од населбата Радишани утре од 9 часот ќе останат без вода.
Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекинот е поради замена на шибер со профил од 250 милиметри во резервоарот Радишани. Жителите ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.