Дел од младите социјaлдемократи бараат оставка од Црвенковски

Од:

Поранешниот генерален секретар на Социјалдемократската младина (СДММ) Михаил Младеновски заедно со група млади луѓе денеска побараа оставка од претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски и најавија дека на претстојните локални избори ќе настапат со независни кандидатски листи, незадоволни од последните одлуки на раководството на матичната партија.

– Како млади социјалдемократи не се согласуваме со последните одлуки на раководството на СДСМ и повторуваме дека тоа се одлуки само на раководството. Застануваме на страната на социјалдмократските вредности, односно на страната на обесправените лица во оваа држава … Сметаме дека раководството на СДСМ нема капацитет да учествува на следните локални избори. Поради тоа и поради низа други политики со кои како млади луѓе не се согласуваме, одлучивме да настапиме независно со кандидатски листи, изјави поранешниот генерален секретар на СДМM Михаил Младеновски, кој е кандидат за независна советничка листа за Општина Центар.

Младите социјалдемократи незадоволството од работата на Црвенковски го изразија и преку акција насловена „Денар за Бранко“, што ја организираа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Акцијата, според Младеновски, симболично означува дека на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски му се важни само моќта и парите.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски