Дел од Кавадрци без вода поради реконструкција на цевковод

Од:

 Дел од Кавадарци денеска е без вода за пиење поради реконструкција на главниот цевковод преку кој се снабдува дел од средната и ниската зона во градот.

– Без вода се жителите на улицата „Методија Џунов-Џикот“. Реконструкцијата е дел од програмата на КФВ банката за техничка поддршка. Ги вадиме  азбестно цементните цевки и на нивно место ставаме дуктилни цевки фи 400. Азбестно цементните цевки се стари и дотраени, вградени пред 40 години, појасни Марјан Прескакулев, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Поради реконструкцијата, вода ќе нема до 16 часот. Прескакулев нагласи дека поради поволните температури нема редукции во водоснабдувањето на Кавадарци.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак