Дел од Кавадарци и Кавадаречко утрово без вода за пиење

Од:

Дел од Кавадарци и неколку населени места во Кавадаречко утринава останаа без вода за пиење. Вода нема да има до 15 часот, информира раководителот на работната единица водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец“, Марјан Прескакулев.

– Водата е сопрена бидејќи поставуваме нова шахта со далечинско управување –поврзување во скада систем. Тоа значи дека отсега па натаму со далечиснко преку монитори и посебен систем кој е сместен во просториите на „Комуналец“ ќе се следи притисокот и протокот на водата. Со тоа ќе добиеме урамнотежување на притисокот на вода во водоводниот систем, а ќе ги намалиме и техничките загуби на водата, појасни Прескакулев.

Во моментов без вода се жителите од ниската зона покрај реката Луда Мара во Кавадарци, населбата Глишиќ и селото Марена, како и индустрискиот дел од селото Сопот.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци