Дел од децата повредени во сообраќајката во Кочанско се пуштаат дома, едно се уште во критична состојба

Од:

Уште четири од децата повредени во несреќата во Кочанско наскоро ќе бидат поштени на домашно лекување. Едното дете кое беше со повреди на главата и беше оперирано е во постабилна состојба. Двете деца кои беа во најкритична состојба се уште се на Единицата за интензивно лекување КАРИЛ во Клиничкиот центар, иако кај едното има сериозно подобрување на состојбата. Другото е се уште поставено на апарати за вештачко дишење, информира министерот за здравство Никола Тодоров.

– Дел од децата веќе се пуштаат на домашно лекување дополнително четири ќе бидат пуштени на домашно лекување. Тоа значи дека нивната состојба е веќе сериозно подобрена. Едното дете кое што беше оперирано со повреди на главата е во постабилна состојба и од интензивна нега е префрлено на одделение. Двете деца кои беа со најтешки повреди се уште се во критична состојба, иако кај едното има сериозни подобрувања на здравствената состојба. Тие се уште се на КАРИЛ – единицата за интензивно лекување каде лекарите се грижат за нивното здравје, рече министерот Тодоров одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на 150-годишнината на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Тодоров појасни дека детето чија состојба се подобрува веќе е во фаза на будење, но оти другото се уште е поставено на апарати за дишење.

Во несреќата, која се случи откако тракторот во чија приколка се превезувале децата изгубил контрола и се превртел, загина возачот и неговата сопруга а вкупно беа повредени 14 деца. Тракторот се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Повредените деца се на возраст од 4 до 13 години.

Министерот за здравство информираше и дека првите двајца од повредените македонски граѓани во сообраќајната несреќа во Унгарија се пренесени во Република Македонија, и оти по прегледите направени во Ургентниот центар, се пуштени на домашно лекување.

– Денеска ќе организираме превоз на последните двајца повредени. Едниот беше со посериозна повреда односно со лоша скршеница на колкот и мора да се транспортира со амбулантно возило. Денеска во текот на денот амбулантното возило ќе оди за Унгарија, а во текот на утрешниот ден ќе се организира транспортот, рече Тодоров.

Македонските граѓани во Унгарија беа повредени откако автобус на македонска туристичка агенција со кој патувале кон Прага излетал од патот.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски