Декларација на ЗНМ: Ослободете го Кежаровски

Од:

На редовното собрание на ЗНМ новинарите едногласно усвоија декларација за Томислав Кежаровски со која се бара од Апелациониот суд негово безусловно ослободување .

Ние, македонските новинари и денеска и одовде од Изборното собрание на ЗНМ – упатуваме уште еднаш силна поддршка за нашиот неправедно осуден и притворен колега Томислав Кежаровски.

Бараме од Апелацискиот суд во Скопје, додека се уште го чекаме неговиот финален збор, да ја донесе единствената одлука со која ќе ја задоволи ПРАВДАТА – ДА ГО ОСЛОБОДИ ОД ВИНА.

Томислав Кежаровски беше обвинет во 2013 година за наводно откривање на идентитет на заштитен сведок во текст објавен во весникот Репортер 92 во 2008 година. Во текот на постапката се утврди дека сведокот е компромитиран и против него се води тековна судска постапка за лажно сведочење. Од мај 2013 година, Кежаровски издржуваше мерка притвор во казнено поправниот дом Идризово цели шест месеци. Во ноември 2013 година Кривичниот суд во Скопје го осуди Кежаровски на 4,5 години затвор. Од тој момент по големиот притисок од нас – ЗНМ и од домашната и од меѓународната јавност мерката притвор беше заменета со домашен притвор која се уште е на сила.

Случајот Кежаровски доби меѓународни димензии затоа што е прв за затворен новинар за пишан збор во Југоисточна Европа. Има централно место во сите извештаи за слободата на медиумите во Македонија, како пример, со кој, кај новинарите треба да се постигне ефект на страв, дисциплинирање и самоцензура.

Нашата порака е јасна и недвосмислена – Кежаровски мора да биде СЛОБОДЕН – СЕГА И ВЕДНАШ!!! Ништо друго не треба и не смее да биде исход од оваа цела фарса со наводната негова одговорност.

Колега Кежаровски, ние членовите на ЗНМ, со оваа Декларација изразуваме подготвеност и те уверуваме дека Твојата битка е и наша битка која ќе ја водиме заедно до краj,стои во декларација на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје