Декларација на Македонија, Бугарија и Албанија за Коридорот 8

Од:

Министрите за транспорт на Македонија, Бугарија и Албанија денеска на средба во Софија усвоија Декларација за спроведување проекти од значење за трите држави и со која ќе се залагаат Коридорот 8 да стане еден од приоритетите на Европската унија.

– Со Декларацијата која ја усвоивме утрово со моите колеги министри тежнееме Коридор 8 да стане еден од приоритетите на Европската Унија. Сакам да потенцирам дека во Македонија се градат два нови автопати на Коридорот 8. Оваа година започнавме со работа на првата од трите делници за железничко поврзување со Бугарија, што значи дека активно работиме на проектите за поврзување на Македонија и Бугарија, изјави министерот за транспорт Миле Јанакиески, по средбата со бугарскиот и албанскиот колега Николина Ангелкова и Едмонд Хаџинасто.

На средбата станало збор за проекти од заеднички интерес за трите држави, со можност да се аплицира за средства од европските фондови кои би овозможиле подобра комуникација и економска соработка, соопшти макеоднското Министерство за транспорт и врски.

Тројцата министри учествуваат на еднодневниот форум на тема „Балкан-инфраструктурно и транспортно поврзување меѓу Црното и Јадранското море. На форумот се истакнати добрите меѓусоседски односи помеѓу државите како и можностите за понатамошна соработка во делот на транспортот, патната и железничката инфарструктура.

Министерот Јанакиески, според соопштението, посебно ги нагласил заложбите на Владата на Република Македонија околу проектот за изградба на пругата кон Бугарија, кој е во фаза на реализација во делот од Куманово до Бељаковце, со акцент дека е од исклучителната важност за потребата од нејзино целосно завршување. Укажал дека во фаза на проектирање е пругата од Бељаковце до Крива Паланка и оти набрзо се очекува да се избере компанија што ќе го проектира и последниот дел од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија.

Македонскиот министер за транспорт го нагласил и значењето од изградбата на пругата до Албанија, за комплетно железничко поврзување на Коридорот 8 меѓу Албанија, Македонија и Бугарија. Ги презентирал и проектите за изградба на двата нови автопати на Коридорот 8, “Гоце Делчев” во источниот дел од Скопје до Штип и „Мајка Тереза” од Кичево до Охрид во западниот дел на земјата, како и на Коридорот 10 на потегот од Демир Капија до Смоквица, кој води до граничниот премин со Република Грција.

Би можело да ве интересира

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

Тунелот да го гради еден изведувач, постигнати почетни договори за пругата кон Бугарија

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

Катерина Ѓуровски

Ќе биде блокирана експропријацита за коридорите 8 и 10 ако не се исполнат барањата на правобранителите

ДУИ: Партиите кои денес се фалат со Коридорот 8 до вчера го критикуваа

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски