А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дехари: Управата за финансиска полиција работи без опрема за следење

by А1он18/07/2017 - 20:03765
Share0

Заменик-директорот на Управата за финансиска полиција Берат Дехари на денешната седница на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана рече дека Управата за финансиска полиција повеќе од една година работи без опрема за следење.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од законските измени од 2015 со кои сме вметнати во базата на МВР и Финансиската полиција, ние работиме без соодветна апаратура за работа, рече Дехари.

Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев најави поактивен однос на ова собраниско тело за разлика од минатото.

– Во среда ќе има заедничка средба со Комисијата за надзор на УБК и странскиот експерт Рајнхард Прибе. Од лани е отворена дискусија за реформи во овој сектор и за тоа ќе разговараме. Тие реформи на крај ќе бараат законски измени. Правиме план за посета на институциите за кои сме надлежни и очекувам проактивен однос, рече Димитриев.

Следете a1on на Youtube YouTube

На денешната седница членовите на Комисијата едногласно го усвоија Деловникот за работа, за кој имаше само ситни технички забелешки. На седницата присуствуваа и претставници на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

deharifinansiska policija

Би можело да ве интересира

Кривична против екс претседателот на Стоматолошката комора, склучувал договори за лиценци со непостоечки здруженија

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 12:24

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 13:13

Кривична пријава за претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 12:2229/01/2026 - 12:25

Финансиска полиција: Двајца златари го оштетиле државниот буџет за 64.9 милиони денари

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:33

Уапсен благајникот на прилепската болница за проневара на 250 илјади евра

Катерина Ѓуровски12/12/2025 - 11:28

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто