Дефиле на миленици за Светскиот ден на животните

Од:

Светскиот ден за заштита на животните – 4 октомври денеска ќе биде одбележан и во Скопје со дефиле на миленици. Најшармантните миленичиња и нивните сопственици во Рамстор мол ќе добијат благодарници од стручно жири.

Одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животните започнува во 1931 година, кога во Фиренца, на конференција на еколозите, е предупредено за одредени загрозени животни. Оттогаш, овој датум прерасна во Светски ден за заштита на животните посветен на сите животински видови, а последниве години е проширен и на недела на заштита на животните која трае до 10 октомври.

Овој ден претставува повод за бројни поединци и организации од сите делови на светот да предупредат на проблемите со кои животните се соочуваат денес, и да ги поттикнат луѓето да размислуваат за својот однос кон животните, потребата животните да се почитуваат и заштитата на животните навистина да стане важно општествено прашање.

Според податоците на светските организации, во светот секој ден исчезнуваат стотина животински видови, најзагрозени се морските желки, горилите, пандите, слоновите, китовите и тигрите.

Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, да им даде дом, да ги нахрани и да помогне нивниот живот да биде поубав.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза