Дефиле и концерт на Воениот оркестар на АРМ во Охрид

Од:

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија вечерва ќе одржи промотивен концерт пред граѓаните на Охрид, на плоштадот кај Стариот чинар во центарот на градот.

На концертот ќе му претходи дефиле на Воениот оркестар со припадниците на баталјонот за почести, кои ќе се движат од Градското пристаниште низ Старата чаршија до местото на одржување на концертот, предвиден за 19 часот.

Според програмата, на почетокот гардистите на АРМ ќе ја изведат точката „Егзирцир“ со која ќе демонстрираат вештини и строева извежбаност во ракување со пушка. Воениот оркестар во едночасовниот насап ќе изведе нумери на познати светски автори, обработени за оркестарска изведба, а кои се атрактивни за различни генерации на слушатели.

На концертот е предвидено присуство на државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, охридските пратеници во Собранието на Република Македонија, градоначалникот и претседателот на Советот на Охрид, општински советници, претставници на МО и ГШ на АРМ и други гости.

Промотивниот концерт на Воениот оркестар во Охрид е дел од проектот за соработка на АРМ со локалната самоуправа во Република Македонија, чија цел е јакнење на цивилно-воената соработка и приближување на Армијата до граѓаните. Проектот се реализира со поддршка на локалната самоуправа и нуди одлична можност за дружење на граѓаните со Армијата и во градовите каде АРМ нема свои касарни и гарнизони.

Би можело да ве интересира

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија