Дефект на доводниот цевковод, Гостивар без вода за пиење

Од:

Поради пукање на една од цевките на доводниот цевковод на водоводната мрежа, Гостивар е без вода за пиење од 11 часот. Според надлежните од ЈП „Комуналец” санирањето на дефектот треба да заврши по 18 часот.

– Дефектот по линијата на доводниот цевковод помеѓу селата Вруток и Равен е забележан во текот на вчерашниот ден. Се работи за пукање на азбест-цементна цевка со пречник од 500 милиметри. Наши екипи се на терен и работат на санацијата по што ќе обезбедиме и редовно снабдување со вода, изјави Мемедали Џафери директор на ЈП „Комуналец”.

Џафери нагласи дека зачестените дефекти во овој дел се должат на застареноста на цевководот кој е изграден пред повеќе од 40 години.

– ЈП Комуналец има поднесено проект до Министерството за транспорт и врски за замена на водоводната од изворите на Вардар до пред влезот на Градот. Деновиве очекуваме и позитивен од одговор, што би значело трајно решение на ваквите пробелми, подвлече Џафери.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар