Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Петровец

Од:

Повеќе од 450 деца денеска го проследија симболичното пристигнување на Дедо Мраз со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“. По пристигнувањето Дедо Мраз на дечињата им подари новогодишни пакетчиња.

Припадниците на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, традиционално организираат церемонија за подарување новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници на ВБР и на деца на припадници на Воздухопловната бригада и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Оваа манифестација традиционално се одржува во пресрет на новогодишните и божикните празници.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза