На воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска во 11 часот симболично ќе пристигне Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер.
Во пресрет на новогодишните и божикните празници, припадниците на воздухопловната бригада (вбр) на Армијата на Република Македонија на настанот ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници на вбр, како и на вработените од вбр и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.