Деца ја јадат храната која се остава на гробовите за Задушница: „Немаме што друго да јадеме“

Од:

Деца ја собираа храната која се оставаше на гробиштата во Ѓорче Петров на денешниот верски празник Задушница. Тие чекаа верниците да се тргнат од гробовите, а потоа доаѓаа, ја ставаа храната во вреќи и ја складираа покрај оградата.

Дел од верниците реагираа, а децата кратко одговараа: „Немаме што друго да јадеме, мораме вака“.

„Не ја оставаме храната тука, за вие да ја земате. Не е убаво да земате храна од гробови“, им велеа некои од верниците.

„Па подобро е ние да ја изедеме, отколку кучињата“, им oдговори едно од децата.

По извесно време децата се тргнаа надвор од гробиштата, чекајќи да си заминат верниците. Застанаа покрај оградата и чекаа, да соберат оброци што ќе ги држи сити барем неколку дена.

Верскиот празник Задушница се одбележува денеска и утре, меѓу православните верници, како чин на достојно оддавање почит за мир и спокој на душите на починатите членови на семејствата. Празникот се одбележува и со ритуали на раздавање храна со присуство на роднини и блиски пријатели на починатите, на гробните места.

На гробиштата во Ѓорче Петров забележливи беа групирања, а голем дел од присутните не носеа заштитни маски против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

ЈСП: Зголемен број автобуси од и кон гробишта Бутел за „Задушница“

Заглавени возила, сообраќај во застој, на Задушница гужви кон гробиштата

Катерина Ѓуровски

Мајка на четири деца била жива закопана, гробарите приметиле крв и слушнале „помош“, а потоа се шокирале

САД им забрани пристап на руските дипломати до советските гробници во Алјаска