Чувар на гробишта одбра „тивко“ место за продажба на кокаин

Од:

Жителите на мало место во близина на италијанскиот град Десенцано останаа шокирани кога открија дека локалниот чувар на гробиштата ги користи надгробните споменици како параван за продажба на кокаин.

Имено, при редовна посета на гробиштата, граѓаните го забележале необичното однесување на чуварот и чудните посетители кои престојувале на ова место.

Се посомневале дека нешто се крие зад тие средби и за се ја известиле полицијата.

Полицијата од Десенцано брзо реагираше и организираше заседа. Во таа прилика пронајде триесетгодишен маж како продава кокаин меѓу гробовите, користејќи го мирот и осаменоста на гробиштата како совршено покритие за неговата криминална активност.

При интервенцијата се обиде да се ослободи од дрогата скриена во ракавица од латекс, но безуспешно – уапсен е на лице место.

При претресот се пронајдени 27 пакетчиња кокаин, поради што веднаш е уапсен и приведен.

По апсењето судот му судеше по скратена постапка. Претходно тој беше осуден на условна казна за друго кривично дело, таа пресуда беше укината, па беше осуден на една година затвор.

30-годишникот сега е зад решетки, а случајот дополнително ја вознемири јавноста поради тоа што местото на вечниот мир се користело за продажба на дрога.

Би можело да ве интересира

Банди откопуваат ковчези и крадат златни заби од починатите – осквернавени се над 240 гробови во Австрија

А1он

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

Вандали оштетија 29 споменици и надгробни плочи во Ѓорче Петров

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Заглавени возила, сообраќај во застој, на Задушница гужви кон гробиштата

Катерина Ѓуровски

Притвор за крадецот кој откопа гроб за да украде златен ланец од покојно лице

А1он