Притвор за крадецот кој откопа гроб за да украде златен ланец од покојно лице

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 30 години за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот, заедно и по претходен договор со уште две лица, на 10.10.2021 година, околу 1 часот по полноќ, на Градските гробишта во Куманово со совладување на препреки, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Тие со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен гроб, започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало тело на починато лице. Осомничените го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел пронаоѓање на златен накит, особено златен ланец за кој имале сознанија дека се наоѓа на телото на покојната, меѓутоа при пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Постапка се води и против другите двајца осомничени, кои во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.

Би можело да ве интересира

Обвинителствата ќе ги споредуваат листите на патници од граничните премини

А1он

Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог за насилство

А1он

Казнен налог за уништување на јавни инсталации

А1он

Бајрами: Релативно мал број пријави и известувања за нерегуларности на изборниот процес

А1он

ОЈО Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за уништување извршителски печат

А1он

Стружанец го искинал своето гласачко ливче и го напуштил гласачкото место, полицијата го бара за да го приведе

А1он