Деца играат со топка на улица во Чаир за време на полицискиот час

Од:

Рестрикцијата за движење низ поединечни населби се прекршува од најмладите, децата. Во скопската општина Чаир, попладнево на улиците можеа да се забележат повеќе групи со деца, кои играат во локалните паркови, но и по улиците.

Иако тоа не е дозволено и целата држава е во 61-часовен карантин, сепак, извесно е дека полицијата не ги контролира сите улици во Скопје, за да го санкционира однесувањето на поединци.

Децата се познати на жителите кои реагираат бидејќи тие се излезени надвор во време на полициски час, но за „А1он“ велат, ние не можеме ништо ако надлежните органи не преземат чекори за да се справат со ваквата појава.

„Ова не е првпат за време додека сите се во своите домови, дел од децата да бидат на улиците. Им имаме посочено дека не смеат, но тие велат дека родителите им дозволиле“, велат за „А1он“ жители на Чаир.

Од фотографиите се гледа како група од шест деца, игра на улица, иако е прогласен 61 часовен полициски час. Тие подолго време играле со топка, а за тоа време, ниту една полициска служба не поминала да ги исконтролира улиците во тој реон.

Инаку, во најголемиот дел од Скопје се почитува забраната за движење. Од дуќаните, работеа само оние кои се пријавиле во општините дека ќе вршат достава на намирници, аптеките кои разнесуваа лекови порачани преку телефон како и бензиските пумпи.

Би можело да ве интересира

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Насилство во Чаир: Жена е нападната од нејзиното момче

МВР: Прекршочна постапка против општините Чаир и Тетово и нивните градоначалници

Горан Наумовски

СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“

Предраг Петровиќ

Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти

Предраг Петровиќ