Деблокирана пругата кај Гевгелија за превоз на мигрантите

Од:

Приватните автобуски и такси превозници од Општина Гевгелија денеска ја отстранија барикадата од пругата кај мостот на Сува Река со што се нормализира и транспортот на бегалците од Гевгелија кон Табановце.

Одлуката за деблокирање на пругата, на која превозот на мигранти беше стопиран веќе петти ден, уследи по синоќешната одлука на Координативното тело за справување со кризи, кое донесе одлуки за превозот на мигрантите.

По денешниот состанок од здружението на приватните превозници информираа дека според договорот, автобусите и  такси возилата рамноправно треба да ги превезуваат мигрантите, со тоа што возовите ќе вршат транспорт преку ноќ, а такси возилата и автобусите дење.

Од здружението на приватни превозници нагласуваат дека оставаат простор во наредните десет дена да се види како ќе функционира донесената одлука и договореното на денешниот состанок.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста