Дебата за референдумот на Регионалниот безбедносен форум во Охрид

Од:

Транснационалните безбедносни закани, регионалниот и националниот придонес кон регионалната безбедност се теми на расправа на Регионалниот безбедносен форум што во организација на „Маршал центар – Република Македонија“ по шести пат се одржува во Охрид.

Собирот во Охрид секако ќе даде и одговори на повеќе прашања имајќи ги предвид актуелните случувања во Република Македонија поврзани со потпишаниот договорот со Грција и престојното референдумското изјаснување.

– Настанот треба да даде свој придонес во насока на разјаснување на потенцијалните недоумици или прашања поврзани со Референдумот. Токму тоа беше причина оваа година за првпат на собирот да има и официјални политички претставници што ја промовираат политиката на РМ, со цел да им се даде можност на учесниците од регионот да добијат одговори на прашањата што членството на Македонија во НАТО и ЕУ ќе значи пред се од аспект на безбедносните предизвици со кои се соочуваме, како и регионалните случувања имајќи предвид постоечките нерешени прашања во регионот, истакна Љубица Пендаровска, програмски директор на „Маршал центар форумот“.

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во обраќањето пред учесниците на Форумот ја акцентираше важноста од членството на Република Македонија во НАТО, како за безбедноста на земјата така и како прв чекор кон натамошните европски интеграции.

– Нашите контакти со високи претставници на НАТО и ЕУ се секојдневни и постојани. Сега тоа е интензивирано што е јасен сигнал за подршката што ја имаме. Колку е важен престојниот референдум говори фактот дека не само ние туку и нашите пријатели од меѓународата заедница го посочуваат како историски. И тоа не само за Македонија туку за регонот. Позитивните вибрации што доаѓаат од Македонија, особено после договорот со Република Бугарија како и овој што претстои со Грција, а кој сум убеден дека позитивно ќе биде имплементиран, праќаат позитивни сигнали и позитивен притисок за решавање на отворените прашања на Балканот, рече Жерновски изразувајќи уверување дека граѓаните на Македонија ќе знаат да го препознаат историскиот момент и што треба да направат на 30 септември.

Што се однесува на одредени тврдења за некакви други влијанија врз регионот, заменик-министерот Жерновски истакна дека не сите се среќни со сценариото што се спроведува во Македонија, па и во регионот, но оти насоката во која се движи земјата е дефинирана.

– Не е чудно на Балканот да постојат разни влијанија, но доколку јасно го дефинирате ставот, уште поважно тоа да е став на грѓаните и ако имате поддршка, тогаш нема од што да се стравува. Ние немаме план Б ниту алтернатива, нашиот пат е ЕУ и НАТО, истакна тој.

Учесниците на форумот со оценка дека НАТО асоцијацијата е мошне важна за регионот и особено за Македонија, која години прави напори за членство во организацијата.

– Сега конечно дојде моментот да ни се отвори вратата кон НАТО. Тоа е историски момент кој треба да се искористи, а членстото на РМ во Алијансата ќе има импликации за безбедноста и стабилноста не само на земјата туку и за целиот регион. Ние вложивме многу во реформите, тоа е признаено од НАТО, останува политичкиот чекор да се заокружи сето тоа со успешен исход, смета професор Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Конференцијата што традиционално се организира во партнерство со НАТО ова година е фокусирана на хибридните закани, како со нив се справуваат државите и НАТО како организација, но и други теми како што е сајбер-безбедноста, миграциските процеси, програмите на Алијансата во тој дел, но и политичките аспекти и улогата на Република Македонија во сите регионални процеси.

– Во Македонија досега можеби не се одвојуваше доволно внимание на тој вид безбедносни закани, но кога ќе станеме дел од евроатлантските институции стануваме дел од тој сајбер-простор и оттаму ќе мора да преземаме одредени мерки за заштита на критичната инфраструктура особено во делот на информациска заштита на разменетите информации меѓу РМ и НАТО, рече Славески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on